Бесплатни корона-тестови на германските аеродроми | Свет | DW | 24.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бесплатни корона-тестови на германските аеродроми

На германските аеродроми ќе се воведат пунктови за тестирање од коронавирус за патници кои доаѓаат од ризични земји и региони. Тестирањето ќе биде бесплатно

Министрите за здравство на германските покраини денеска го усогласија најавеното воведување на тестирање од коронавирус на аеродромите во земјата. Министерката за здравство на Берлин, Дилек Калајчи соопшти дека освен тестови за повратници од ризични земји, ќе им биде понудено тестирање и на сите патници без оглед од каде доаѓаат. Вторите нема да бидат тестирани на аеродромите, туку подоцна.
Калајчи како „многу висок“ го оцени ризикот од пренесување на вирусот од патници кои доаѓаат од странство. Неколку покраини веќе јавија за зголемен број заразени како резултат на патување од странство или контакт со лица кои се вратиле од патување.
Останува и обврската за двонеделен карантин за сите патници кои доаѓаат од ризична земја, а немаат негативен тест на коронавирус. 

- повеќе на темата: Патување во Германија: Прашања и одговори

Министерот за здравство Јенс Шпан најави дека во иднина сите патници кои доаѓаат од странство ќе можат да се тестираат во рок од три дена. Притоа, се планира воведување формулари кои ќе ги пополнуваат сите патници од ризични земји при влез во земјата. Оваа мерка ќе ги опфати и оние кои патуваат со воз, автобус или брод.
Ќе се воведат и контроли на копнените гранични премини, каде патниците ќе се тестираат по случаен избор. Но оние кои доаѓаат од ризични подрачја ќе бидат директно упатувани во карантин.

Гледај видео 01:12

Ковид-19: Најголемиот паркинг за авиони во Европа

DW.COM

Реклама