Бериша: Белград не отстапува од доктрината за голема Србија
9 август 2007Реклама
Албанскиот премиер Сали Бериша ги обвини властите во Белград дека не отстапуваат од доктрината за голема Србија, којашто ја започнал екс диктаторот Слободан Милошевиќ. Тој во интервју за „Гласот на Америка“, нагласил дека српскиот претседател и премиер, Тадиќ и Коштуница не се закануваат со употреба на војска, но ги застапуваат истите опции за голема Србија. Според Бериша тоа се огледува во нивното спротивставување на меѓународниот план за независно Косово. Според Бериша одлагањето на решението за косовскиот статус создава опасности.