Различни оценки за потенцијалната опасност од АстраЗенека | Свет | DW | 06.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Различни оценки за потенцијалната опасност од АстраЗенека

Проценките на експертите за потенцијална опасност од вакцината АстраЗенека се различни. Европската агенција за лекови (ЕМА) најавува став во текот на утрешниот ден или задутре.

Комисијата за проценка на ризик на Европската агенција за лекови (ЕМА) „сѐ уште нема заклучок и проверката продолжува“, објаснува ЕМА, која најавува соопштение во текот на утрешниот ден (7.04) или во четврток. ЕМА „ќе одржи прес-конференција штом ќе биде завршена проверката“, се вели од агенцијата. Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес изјави дека смета со одлука на ЕМА „доцна во среда“. 

Претходно, шефот на одделот за вакцини на ЕМА, Марко Кавалери за италијанскиот венсик „Ил Месаџеро“ изјави дека било „јасно“ оти постои „поврзаност“ помеѓу вакцината АстраЗенека и појавата на згрутчување на крвта кај дел од вакцинираните лица. На кој начин вакцината доведува до тромбоза кај многу мал број случаи сѐ уште не е јасно, вели Кавалери. „Се обидуваме да создадеме точна слика за тоа што се случува“, изјави тој. ЕМА сака „прецизно да го дефинира овој синдром предизвикан од вакцината“. Кај помлади луѓе кои добиле вакцина АстраЗенека има извесен број случаи на мозочни тромбози кој е повисок „од она што би го очекувале“, нагласува Кавалери за „Ил Месаџеро“.

Повеќе:

Претставник на ЕМА: Поврзаност на АстраЗенека и згрутчувањето на крвта

АстраЗенека: Спротиставени пораки од Холандија и од Велика Британија

Илјада причини „за“ и „против“ АстраЗенека

Светската здравствена организација (СЗО), пак, објаснува дека „нема доказ“ оти мора да се менува оценката за „ползата и ризикот“.

Директорот на СЗО за регулација, Рожеро Пинто де Са Гаспар, пред новинарите во Женева изјави дека „засега нема поврзаност“. Во рамки на иницијативата Ковакс досега во 86 земји се доставени 36 милиони дози од вакцината АстраЗенека.