Аргументите за француското „не“ и натаму во магла | Северна Македонија | DW | 25.10.2019

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Аргументите за француското „не“ и натаму во магла

Ни францускиот претставник на министерскиот состанок, ниту францускиот претседател не го кажаа она што вчера го говореше нивниот амбасадор во Скопје.

Многу прашања отвори вчерашната прес-конференција на која францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, ги објаснуваше мотивите на Франција за изјаснување против одлука за преговори на Северна Македонија со ЕУ. Амбасадорот фокусот го стави на реформите, како нешто што не може да биде компензирано со постигнувањето на Преспанскиот договор.

„Во јуни требаше да се разговара за текот на реформите, а во текот на летото се подигнаа очекувањата дека одлуката на членките ќе биде компензација за Преспанскиот договор. Се случи чудна промена на перспективите - од исполнување на конкретни задачи, со геополитички аспекти, таков беше случајот со некои од нашите партнери во Унијата“, рече Тимоние. 

Од каде испливаа забелешки за реформите - прашуваат аналитичари, потсетувајќи дека ниту Макрон во изјавата по лидерскиот самит не кажа ниту еден збор за реформскиот процес во двете земји. Францускиот претседател тогаш изјави оти „не се согласува дека проширувањето треба да биде идеологија на ЕУ“, ја критикуваше визната либерализација со земјите од регионот, го критикуваше напливот на мигранти од Албанија и ја истакна потребата од реформи во Унијата.

Повеќе: Тимоние: Прашање е дали сте држава за пример во регионот

Таму едно, овде друго

Ваквите несовпаѓања во француската аргументација изнесена овде и онаа соопштена во Брисел, создаваат дополнителна конфузија околу мотивите на француското вето.

„Последната оценка на Европската Комисија беше без никакви дополнителни услови, иако во минатото имало периоди и извештаи кога не било баш така“, вели аналитичарот Андреја Стојковски.

Тој објаснува дека политиката за проширување на ЕУ согласно со договорите е надлежност на Европската комисија и државите-членки. ЕК треба да ја подготви методологијата за пристапувањето, како и да ги следи државите кандидати и да дава оценки за спроведениот мониторинг, додека државите-членки одлучуваат за политичкиот момент.

„Овој начин на функционирање потекнува од 1993 година, а во меѓувреме е прилагоден повеќепати, последен пат во 2008-2009. Во два наврати државите-членки се изјаснија за рамката за реформи за Македонија и Албанија, меѓу нив и Франција кажа што имаше. Последната оценка на Комисијата беше без никакви дополнителни услови, иако во минатото имало периоди и извештаи кога не било баш така. Сите држави-членки зборуваа за Договорот од Преспа и неговото значење, иако не го зедоа како единствен услов, сетете се на јуни 2018 година. Оваа година, меѓутоа, Комисијата не остави простор за дилема и тоа го потврди повеќепати - во Извештајот, пред јунскиот самит, пред овој самит, секако и веднаш по него. Интересно е како со оваа оценка се сложуваат 26 од 27 држави-членки и секако Обединетото Кралство. Оттаму, одлучувам да им верувам на ‘огромното мнозинство на држави-членки', вели Стојковски. 

Minister der neuen mazedonischen Regierung

Шекеринска прашува зошто она што било речено во Скопје, не било кажано и во Брисел

Запрашана дали причините за француското „не“ треба да бараат во забелешките за владеење на правото што изминатитете месеци стигнуваа од францускиот амбасадор во Скопје, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска праша - зошто истото не било кажано и во Брисел! 

„Ако беше тоа причината, зошто тој став не го кажа ниту нивниот претставник на министерскиот состанок ниту нивниот претседател? И јас би сакала да е ова држава во која судството и обвинителството ќе функционираат перфектно. Но, не сум видела тоа да се менува за две и пол години. Покажете ми држава во која за две и пол години сѐ се сменило и сѐ профункционирало како што треба. И јас сакам да си ги подигнеме очекувањата, не сакам да се задоволуваме со малку. Но, драматична е разликата за само две години“, изјави Шекеринска во интервју на ТВ „Канал 5“.

ПовеќеВетото на Макрон ги убива надежите и мотивацијата во регионот

Релативизирањее на „Преспа“

Досега сите европски функционери во контекст на македонските шанси за почеток на преговори истакнуваа дека „без решавање на билатералните проблеми нема членство во ЕУ".  

Откако тридеценискиот спор со Грција успешно беше завршен и затворен со Договорот од Преспа, тој од челниците на ЕУ беше посочуван како „модел“, а Северна Македонија како „светол пример“ кој треба да го следат и други земји во регионот. Тимоние вчера го оцени Преспанскиот договор како „храбар потег“, не придавајќи му поголемо значење, и покрај фактот дека ниту една влада од осамостојувањето не успеа ниту да започне посериозни преговори, а камоли да го реши спорот.

Сепак, Тимоние немаше забелешки за изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, дека има начини како да се врати старото уставно име, односно да се поништи Договорот од Преспа.

„Мислам дека еден поранешен министер не може да излезе од оваа линија, освен кога станува збор за изборен контекст во рамки на кампања во која јас нема да навлегувам“, рече Тимоние.

Тој го видел текстот, но од него не разбрал дека тоа е официјална позиција на неговата партија, и праша за полезноста на тие изјави во однос на стабилизација на регионот.