Австрија осамена во ЕУ околу преговорите со Турција | Свет | DW | 14.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Австрија осамена во ЕУ околу преговорите со Турција

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц не доби поддршка од своите европски колеги за барањето за запирање на преговорите со Турција за приклучување.

И покрај тоа што ја нема поддршката од министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ, шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц не се согласува со оценката дека е изолиран. Успех е што поради несогласувањето на Австрија не се донесени официјални заклучоци на Советот на ЕУ за состојбата со преговорите за приклучување на Турција и другите кандидати кон Унијата, изјави Курц вчеравечер во Брисел. Покрај тоа, „еднаш засекогаш стана јасно дека нема да се отвораат нови поглавја во преговорите“, нагласи Курц. За отворање, имено, е неопходна едногласнсот на ЕУ, а Австрија се противи.

Дипломат на ЕУ блокадата на Австрија ја оцени како несреќна, затоа што на тој начин не е официјално признат ниту напредокот на кандидатите за ЕУ од Западниот Балкан.

По заклучокот на ЕУ за запирање на проширувањето на преговорите за приклучување со Турција, засега е непознато како ќе реагира Анкара. На самитот на Унијата утре, шефовите на држави или влади на ЕУ имаат намера, покрај останатото, да разговараат и за односот кон Турција, па не е исклучено Турција да реагира веќе претходно.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во ноември веќе ѝ се закани на ЕУ до отворање на границата за бегалците, откако Европскиот Парламент побара „привремено замрзнување“ на преговорите со Анкара за приклучување.

DW.COM

Реклама