Абу Бакр ал-Багдади остави наследство од терор и смрт | Свет | DW | 27.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Абу Бакр ал-Багдади остави наследство од терор и смрт

Ал Багдади се обидуваше да формира нов исламски „калифат“ во Сирија и Ирак, но ќе остане запаметен како безмилосен воен лидер на група која беше отфрлена дури и од Ал Каеда, и која донесе терор во срцето на Европа.

И покрај наградата од 25 милиони долари кои САД ја распишаа за негово пронаоѓање, Ал Багдади успеа да ги доведе до нова територија своите застрашувачки насилни и дисциплинирани следбеници, профитирајќи од чувствата за надмоќ на сунитите и генерално незадоволство во периодот по Арапската пролет.
Останат како еден од малкумината преживеани команданти на Исламската држава по двегодишни порази военото поле, Ал-Багдади загина во саботата откако си го детонирал самоубиствениот експлозивен појас во тунел додека го бркале американски командоси, убивајќи се себеси и три од своите деца.
Милитантите под негова контрола беа веројатно првите џиххадисти израснати со интернет, и тие вешто ги користеа социјалните мрежи за да се фалат со воените успеси, да ги документираат масовните колежи, сечења на глави и бесења, промовирајќи ја Исламската држава пред глобалната јавност.
Иако неговата смрт е симболична победа за контратерористичките напори на Западот, не е јасно какво влијание ќе има смртта на Ал-Багдади врз иднината на организацијата.
Нејасно е и кој ќе го замени како лидер. Терористичката организација загуби многу од своите водечки команданти во американски воздушни напади, меѓу нив, и вториот по ранг Фадил Ахмад ал-Хајали во 2015, и неформалниот финансиски офицер Абу Али ал-Анбари во 2016. 

Судир со Ал Каеда

Ал-Багдади е роден како Ибрахим Авад Ибрахим Али ал-Бадри веројатно во 1971 година во Самара, Ирак. Деталите за неговиот живот во голем дел се непознати. Куса биографија постирана на еден џихадистички форум во 2014 година тврди дека Ал-Багдади потекнувал од религиозно семејство, а имал и докторат од Садамовиот универзитет за Исламски студии.

Beobachtung der Entwicklungen während der Razzia der US-Spezialeinheiten in Syrien

Американскиот државен врв во живо ја следи акцијата против Ал-Багдади

Според страници на Исламската држава, Ал-Багдади бил уапсен од американските сили во Ирак во 2004 година и испратен во затворо во Бука. Бил сметан за цивилен затвореник, и никој не бил свесен за неговата џихадистичка улога. Ослободен е 10 месеци подоцна и веднаш и се придружил на филијата на Ал Каеда во Ирак на Абу Мусаб ал-Заркави.
Ал-Заркави е убиен во американски воздушни напади во Багдад во 2006 година, а Ал-Багдади брзо напредува во мрежата на организацијата, преземајќи ја групата која тогаш е позната под името Исламската држава на Ирак.

Под негово раководство започнуваат серија самоубиствени напади, поставување експлозив на патиштата и автомобили-бомби, најчесто насочени кон ирачките сили и шиитските цивили. По повлекувањето на САД од Ирак организира два големи напади врз затвори во земјата, ослободувајќи повеќе од 500 затвореници.
Потоа го искористи хаосот во Сирија по востанието против претседателот Башар Асад за да го прошири своето влијание. Испраќа свои приврзаници во земјата кои го формираат Нусра фронтот кон кој се приклучуваат и поумерени сунитски бунтовници. Во меѓувреме, заедно со него во Сирија заминуваат и голем број од неговите борци. Во април 2013 година, Ал-Багдади насилно го презема Нусра фронтот, формирајќи нова група наречена Исламска држава на Ирак и Левантот, и доаѓа во судир со Ал Каеда. Судирот ескалира во февруари следната година кога Ал Каеда формално се дистанцира од Ал-Багдади. 
Раѓање на „калифатот“

Потоа ја започнува офанзивата, преземајќи контрола врз клучни градови како Рака во Сирија и Фалуџа во Ирак. Во јуни 2014 година, милитантите на Ал-Багдади го освојуваат и вториот најголем град во Ирак, Мосул. Владините трупи се повлекуваат и го фрлаат оружјето. Освен нафтените полиња, Ал-Багдади освојува и големо количество модерно американско оружје. Исламската држава постира видеа од масовно убиство на заробените шиитски војници. До крајот на месецот, групата ја објавува државата која ќе биде раководена согласно стриктен исламски закон. Ал-Багдади се прогласува за калиф.

Irak | video still des mutmaßlichen IS-Führer Abu Bakr al-Baghdadi

Ал Багдади држи говор по освојувањето на Мосул во 2014 година

На 8 август 2014 година, американскиот претседател Барак Обама наредува воздушни напади против Исламската држава, откако нејзините борци вршат масакри врз припадниците на ирачките Јазиди. Исламските милитанти одговараат со обезглавување на заробеници од западните земји, почнувајќи со американскиот новинар Џејмс Фоли. Соочена со засилен притисок во Ирак и Сирија, групата организира или мотивира серија терористички напади во Европа- најголемите во Франција и Белгија.

На 30 април годинава тој за првпат по пет години се појави во видео во кое го признава поразот, но најавува „долга битка“.
„Нашата битка денес е војна до истоштување на непријателот и тие треба да знаат дека џихадот ќе продолжи до судниот ден“, порача Ал-Багдади во својата последна порака.

 

DW.COM