1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Абдула Ѓул во Скопје

21 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLy

Министерот за надворешни работи на Турција Абдула Ѓул престојува во посета на Скопје , на која со највисокот државно раководство на Македонија ќе разговара за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји. Ѓул на средбите со своите домаќини во текот на денов ќе размени мислења и за состојбите на Балканот , на Блискиот Исток , како и во Ирак и во Авганистан. Ѓул го придружува и стопанска делегација со претставници од 16 турски компании . Тие ќе учествуваат на седницата на македонско-турскиот деловен совет што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија.