1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе има ли нови санкции за Иран?

27 февруари 2007

САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија се единствени во ставот дека во спорот со Иран и натаму се тежнее за наоѓање решение со преговори. Пред средбата во Лондон САД бараа воведување поголеми санкции и индиректно не исклучија примена на воена сила. Овој став наидува на отпор кај другите членки на гупата.

https://p.dw.com/p/Adsv
Атомската програма на Иран во фокусот на светското внимание
Атомската програма на Иран во фокусот на светското вниманиеФотографија: AP

Џон Сноу, портпарол на америкаснкиот претседател Џорџ Буш за советувањата во Лондон истакна дека на Иран мора да му биде јасно, оти би морал да плади висока цена за своите нуклеарни амбиции. Претставата дека Иран би можел да се стекне атомско оружје, за заедницата на држави е неприфатливо.

Портпаролот на Белата куќа во Вашинготн Тони Сноу пак кажа „Другата работа која им му ја нудиме на иранскиот народ е настрана суспензијата во облагодарувањето, има многу работи кои можат да бидат добри за народот во Иран. Ова е повеќе од подадена рака на Иран и на луѓето кои живеат таму им вилме: Ќе добиете се’ што сакате. Ќе ја добиете можноста да имате цивилна нуклеарна моќ. Вие треба да кажете дека не ви е потребно оружје; ние ќе ве осигураме во тоа.“

Истовремено портпаролот на американското министерство за надворешни работи Шон Мекормак смета дека треба да се разговара за зголемување на диполматскиот притисок. Овој аспект би можел да биде дел од нова разолуција. Но пред се’ Русија, која соработува со Иран на атомски план, повторно покажува сомнеж за тоа дали би имало корист од нови санкции.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изрази загриженост околу можноста за воен напад врз Иран „Прогнозите што ни се серевираат се почесто не вознемируваат. Американскиот заменик претседател не ја исклучува можноста од воени удари врз Иран. Затоа ќе сториме се’ за да најдеме компромисно решение преку преговори.“ пореча Лавров на седница на кабинетот.

Рускиот претседател Владимир Путн во повеќе наврати се изрази протви заострување на санкциите против Иран. И Кина во атомскиот спор со Иран и натаму ќе се залага за дипломатијата. Мировни преговори и дипломатски средства се клучот за решавање на кризата, рече портпарол на министерството за надворешни работи во Пекинг. Позицијата на Кина останува непроменета.

Францускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази пак ја исклучи можноста за американски воздушен напад врз иранските атомски постројки. Се наоѓаме во преговори за економски санкции истакна Дуст Блази, и во изјавата за француската телевизија ЛЦИ дополни дека петте постојани земји членки на Советот за безбедност брзо би можеле да се спогодат за втора реолуција со економски санкции.