1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јуриш на бегалци во Мелиља

ЖА/дв/дпа/афп28 февруари 2014

Африкански бегалци со тактика на масовен јуриш упаднаа во шпанската ексклава Мелиља. На ваков начин сѐ поголем број емигранти се обидуваат да ја искористат шансата да стигнат во Европа.

https://p.dw.com/p/1BHWz
Фотографија: picture-alliance/dpa

Над 300 мигранти денеска ја пробија шестметарската ограда од бодликава жица од мароканска страна и упаднаа во шпанската ексклава Мелиља, соопштија шпанските власти.

Карлос Монтеро, кој раководи со Центарот за привремено сместување мигранти во Мелиља, за шпанското национално радио изјави дека во комплексот кој има капацитет од 500 лица во моментов се наоѓаат има 1.300 имигранти, главно од државите од Субсахарска Африка.

Flüchtlinge in Melilla 28.02.2014
Фотографија: Reuters

Мелиља е шпанска енклава што се наоѓа на мароканскиот брег на Средоземното Море.

Имигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа, кампуваат од мароканска страна на границата во очекување на добра можност да ја прескокнат оградата.

Илјадници од нив секоја година се обидуваат да влезат во градот, како и во другата крајбрежна енклава на Шпанија, Сеута. Двата града се наоѓаат мароканскиот средоземноморски брег, а областа е единствената копнена граница меѓу ЕУ и Африка. Во понеделникот веќе стотина бегалци ја преминаа оградата. Шпанија се обидува со Мароко да издејствува договор кој ќе ѝ овозможи да ги враќа бегалците кои ќе стигнат на нејзина територија.