Јужнокоресјкиот претседател се залага за нов мировен поредок на корејскиот полуостров
1 октомври 2007Реклама
Јужна Кореја има намера во фокусот на самитот со Северна Кореја, кој треба да се одржи од втори до четврти октомври, да ја стави темата нов мировен поредок на поделениот корејски полуостров. Според претседателот на Јужна Кореја, Ро Мо Хиун, без мир дискусиите за повторно обединување и благосостојба се безначајни. Вториот самит во историјата на двете корејски држави ќе се одржи во Пјонгјанг, а јужнокорејскиот претседател за таа цел во главниот град на Северна Кореја патува во придружба на околу 300 државни службеници, експерти, претставници на стопанството и новинари.