1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмаер - САД

19 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMW

Инсталирањето амрикански системи за против ракетна одбрана во Полска и Чешка е една од темите на разговорите што денеска во Вашингтон ќе ги води германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер на чело на високата делегација на ЕУ. Штајнмајер го придружуваат високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана и еврокомесарот за надворешни работи, Бенита Фереро Валднер. Освен тоа ќе се разговара и за повеќе меѓународни отворени прашања, како што се Косово, Блискиот исток и атомската програма на Иран. Посетата треба да послужи како подготвителна за самитот ЕУ - САД што треба да се одржи на 30 април во Вашингтон.