Шојбле за контрола на компјутерите
16 септември 2007Реклама
Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле ја обнови својата иницијатива за набљудување на персоналните компјутери. Шојбле изјави дека мерката е неопходна бидејќи Германија е соочена со зголемена закана од тероризам. Планот на Шојбле кој е член на Христијанско Демократската партија наиде на отпор кај социјалдемократите. Министерот за правда Бригите Циприес од редовите на оваа партија е против иницијативата. Сепак таа е за подобра контрола на телефонските разговори преку интернет.