Цапф за ДВ: потребен е консензус
8 ноември 2007Реклама
Во германскиот парламет дадовме поддршка за користење на името Македонија, но владата во Берлин се придржува се разбира до она што е договорено на европско ниво, имено прашањето да се реши преку преговори, вели во интервју за македонската редакција на Дојче Веле пратеничката од СПД, Ута Цапф. Цапф смета и дека Македонија, покрај Хрватска и Турција има најдобри перспективи за Европската унија, но потребно е да постои консензус во државата, вели Цапф за македонската програма на Дојче Веле.