Херта и натаму на шампионски курс
16 март 2009Тивка, мирна, таинствена но пред се’ ефикасна е играта на Берлинчани во оваа сезона. И во 24-то коло тие успеаја да извојуваат тесна победа против Баер Леверкузен со 1:0 и направија уште еден чекор кон освојувањето на првата титула по цели 78 години.
Тренерот на тимот Лусиен Фавре и покрај четирите бода предност не го обзема еуфорија.
„Многу сме задоволни, тоа е јасно. Во второто полувреме бевме малку подобри и повеќе напаѓавме и со малку среќа ги постигнавме овие 1:0 против Леверкузен“, истакна Фавре. Со 45 бодови во моментов втор на табелата е Баерн од Минхен, кој извојува висока победа без сјај од 3:0 нагости против Бохум. Сепак, тимот на Јирген Клинсман остана без репрезентативниот напаѓач Мирослав Клозе, кој се повреди во Бохум и во наредните денови треба да биде опериран.
Еднаков број бодови со Баерн на третото место на табелата има и Волфсбург, тимот кој ја забележа шестата последователна победа во Бундеслигата, на домашен терен против Шалке со 4:3. И Хамбургер успеа да го задржи четвртото место со ист број бодови по победата дома против Енерги Котбус со 2:0.
Фестивал од голови на натпреварите во Келн, Бремен и Хановер
Есенскиот првак Хофенхајм ја нема свежината од есенскиот дел и веќе падна на петото место. По нерешените 1:1 против Ајнтрахт во Франкфурт, шансата за победа што ја чека од 31 јануари ќе мора да ја бара во нареднто коло.
Екипата на Вердер од Бремен пак полека со созема и го декласираше Штутгарт со 4:0.
Вистински фестивал на голови имаше во Хановер каде истоимената домашна екипа одигра 4:4 со Борусија од Дортмунд.
Многу голови имаше и во локалното дерби меѓу Келн и Борусија Менхенгладбах. Тимот на тренерот Ханс Мајер, славеше 4:2 нагости во Келн.
„Мене можете тотално да ме заборавите кога станува збор за ваков дерби натпревар. За нас тоа е само, трезвено гледано, конечно голема работа, што победивме во два натпревари по ред“, истакна Мајер.
За разлика од Борусија која успеа да излезе од опасната зона, тимот на Карлсруе е се поблиску до испаѓање од лигата по поразот во дуелот на дното со Арминија Билефелд од 1:0.