Фратини за воведување „сина карта“
24 октомври 2007Реклама
Европската комисија сака да го олесни доселувањето на висококвалификувана работна сила во Европа од трети земји.Еврокомесарот за правда Франко Фратини во Брисел изјави дека воведувањето т.н. сина карта треба да помогне да се затворат празнините во европскиот пазар на труд и да се стави под контрола илегалното доселување.Сина карта би требало да добијат лицата што ќе добијат ветување за добро платено работно место во некоја држава од ЕУ.На предлог законот се противат Германија и Австрија.