Француските фудбалери ќе штрајкуваат
1 ноември 2013Разговорите меѓу француската влада и професионалните фудбалери во земјата околу планираниот данок за богатите се во ќорсокак. Претседателот Франсоа Оланд ги прими претставниците на фудбалските клубови и лиги и ги слушна нивните жалби, но не се согласи да ги поштеди од планираните давачки од 75% на приходи повисоки од еден милион годишно, кој ќе го плаќаат сите фирми во земјата од 2014 година, во траење од две години. Поради дупката во буџетот, нема правење исклучоци, нагласи Оланд. Данокот ќе се зема директно од сите претпријатија кои исплаќаат вакви плати, значи и од фудбалските клубови.
Цврсто на своето остануваат и фудбалерите. Тие нагласија дека ќе биде реализиран штрајкот, најавен за крајот на ноември. Според најавата, треба да отпаднат сите натпревари планирани за периодот од 29 ноември до 2 декември, и тоа и во првата и во втората лига. Клубовите ваквата протестна акција не ја нарекуваат штрајк, туку „бело коло“.
Само во Пари Сен Жермен повеќе од десет играчи заработуваат повеќе од еден милион годишно. Најдобро заработува Златан Ибрахимовиќ, односно околу 15 милиони евра годишно.