Фишер на Блискиот Исток
14 јули 2005зраелско палестионско примирје, вчера во Ерусалим, со израелските власти раѕговараше германскиот шеф на дипломатијата Јошка Фишер.
Планираното иѕраелско повлекување од појасот Газа е важен чекор кон иѕнаоѓањето конечно решение меѓу двете страни, посочи Фишер по средбата со неговиот колега Силван Шалом во Ерусалим.
Фишер, кој се сретна и со израелскиот премиер Ариел Шарон, најави германска поддрршка за да се осигура ефикасното повлекување на силите, но се согласи со израелските власти дека палестинските авторитети мора да обезбедат поголема беѕбедност во појасот Газа, со цел операцијата да биде успешна.
Ариел Шарон, кој претходно нареди напад на припадниџите на исламскиот Џихад, ситуацијата во регионот ја коментираше и по средбата со Фишер:
Ги посетив безбедносните сили и наредив да се зајакнат нашите акции, колку што е можно поефикасно да се справат со врвот на терористилчката организација на Исламскиот Џихад. Нема да ги оставиме на мира, се додека тие не престанат со смртоносните напади.“ посочи Шарон.
Германскиот шеф на дипломатијата Фишер денеска заминува во Рамала на разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и премиерот Ахмед Кореи.