Фишер во дводневна посета на Македонија
12 јули 2007Реклама
Австрискиот претседател Хајнц Фишер од денеска е во дводневна посета на Македонија. По средбата со македонскиот претседал Бранко Црвенковски, Фишер изјави дека неговата земја ќе ја подржува Македонија во процесот на европска интеграција и ќе ги мотивира австриските компании за инвестиции во Македонија. Македонскиот претседател Црвенковски од своја страна изрази надеж дека со австриска поддршка Македонија може да добие термин за почеток на преговори во првата половина на 2008, за време на претседателствувањето на Словенија со ЕУ.