Уапсен рускиот заменик министер за финансии
17 ноември 2007Реклама
Руската полиција го уапси заменик министерот за финансии Сергеј Сторчак. Причината се уште не е позната. Министерството појасни дека против политичарот е можно да се поведе постапка за криминални дела. Строрчак беше одговорен за меѓународните финансиски односи на Русија и задолжен за отплата на странските долгови наследени од времето на Советскиот сојуз.