Тура со велосипед и опивање покрај Мозел
19 мај 2008
Една од наjпогодните рути е онаа покрај римскиот пат, која минува низ лозја и долж живописниот брег на реката Мозел. Благодарение на добро разработената мрежа на велосипедски рути, вклучувајќи ја тука и „Velo Tour Mosel“, истражувањето на живописниот регион и раскошните долини нуди незаборавно искуство.
Историски факти
Во античката историја, регионот околу Мозел бил под римска управа до петтиот век, а тогашните обележја можат да се видат и денес. Трир, најстариот германски град, бил главен во Западната Римска Империја.
Денес, Трир (освен Рим), важи за град во кој има најмногу згради од римското време: остатоци од некогашниот амфитеатар, влезната римска порта, како и Porta Nigra ѕидот – сеуште сведочат за славните денови во времето на „Roma Secunda“.
Туристите можат да уживаат го импресивната градска базилика (која во четвртиот век императорот Константин ја користел како хала за публика и како просторија за тронот), потоа да ги истражуваат руините каде биле пространите бањи на империјата (кои во четвртиот век служеле како касарна за над 1000 војници), како и да ги истражуваат темелите на најстариот мост во Германија, кој до ден денес е премин кон лозјата околу Мозел.
Говорот на виното
Покрај остатоците од некогашната римска управа, најпознатите обележја на регионот се замоците „како од бајка“, убавите села со дрвени куќи, фолклорот и легендите.
Секако, тука е и локалното вино. Експертите за вино можат да преноќат во некоја од винариите во регионот и да пробаат вино, чиј вкус се усовршувал уште од вториот век. Сарската област е позната по производството на вино и има светска репутација, така што, доколку ви е премногу од разгледувањето, секогаш можете да најдете веранда под сенка и да се повлечете во мир - со чаша студен Ризлинг.