1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп стави крај на кавгата со Мексико

ЖА /ДВ
8 јуни 2019

Мексико може да здивне: царините со кои се закани американскиот претседател кон земјата засега нема да се воведат. Тактиката на Доналд Трамп против илегалното доселување се чини има ефект.

https://p.dw.com/p/3K3xi
U.S. Präsident Donald Trump
Фотографија: Getty Images/S. Rousseau

САД и Мексико постигнаа писмен договор, твиташе американскиот претседател Доналд Трамп. „Царините, чие воведување го планираа САД за в понеделник против Мексико, со тоа се одложени на неодредено време“, дополни Трамп. За возврат Мексико најавил подготвеност да преземе мерки против „бранот на миграција“ преку Мексико и на јужната граница на САД, заради „нејзино силно редуцирање или окончување.“

„В понеделник нема да има воведување американски царини за мексикански производи“, потврди и мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард. То веќе со денови престојува во Вашингтон заради преговори.

Владата на Мексико неодамна најави цела редица мерки против илегалното иселување во САД, меѓу кои и испраќање на 6.000 припадници на Националната гарда на границата кон Гватемала. Освен тоа, ќе се зајакнат санкциите против шверцерските банди и ќе се намали доделувањето хуманитарни визи, соопшти Ербрард.

САД од својата страна можат да ги враќаат Централноамериканците назад во Мексико по целата должина на границата со Мексико, каде тие треба да сочекаат на обработка на нивните барања за азил. Досега тоа беше можно само во неколку градови.

Повеќе: 

Трамп го ескалираше судирот со Мексико

Ако Трамп ја затвори границата...

Мексиканскиот министер изјави и дека САД ќе го поддржат мексиканскиот план за одржлив развој во Централна Америка. Според него, во иднина ќе се вложува повеќе во образование, инфраструктура и економски развој, заради запирање на масивното иселување во правец кон север.

Бројот луѓе кои илегално ја преминуваат јужната граница на САД во изминатите месеци значително се зголеми. Најчесто станува збор за мигранти од Ел Салвадор, Гватемала и Хиндурас, кои бегаат гонети од сиромаштија и насилство во нивните татковини и тоа обично во групи. Најголем дел од овие мигранти поднесуваат барање за азил во САД.

Со заканата за воведување казнени царини, Трамп сакаше да го принуди Мексико да преземе подрастични чекори против илегалното доселување, што сега очигледно и успеа. Царините ќе имаа катастрофални последици за мексиканската економија: околу 80 проценти од вкупниот извоз земјата го пласира во САД.