Традицијата на цврста и искрена соработка продолжува
Исмет Кочан14 ноември 2006
Соработката продолжува, ваква порака денеска од Анкара упатија претседателите на Македонија и Турција, Бранко Црвенковски и Ахмед Неџет Сезер. Турција ќе продолжи со силната подршка за апсирациите на Македонија за членство во НАТО – му порача уште турскиот претседател на Црвенковски кој претстојува во тридневна посета на Турција.