Тајфунот Кроса и се заканува на Кина
6 октомври 2007Реклама
На истокот од Кина , повеќе од еден милион луѓе се евакуирани пред налетот на тајфунот Кроса. Државната агенција Ксинхуа известувва дека и 32 илјади бродови морале да побараат засолниште во пристаништа. Кинеските власти стравуваат дека тајфунот ќе предизвика бранови со висина до 12 метри. Кроса инаку го погоди Тајван со брзина на ветровите од 200 километри на час и притоа загинаа најмалку 4 лица.