1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајното преуредување на Унгарија во корона-кризата

Кено Верзек
14 мај 2020

Унгарскиот Закон за вонредна сосојба овозможува понтамошно неограничено владеење со декрет. Виктор Орбан го користи за широки ограничувања на граѓанските права и нетранспарентни економски мерки.

https://p.dw.com/p/3cCI9
Ungarn Premierminister Viktor Orban
Фотографија: picture-alliance/AP/MTI/Z. Mathe

Не е во колизија со европското право – така го оцени Европската комисија неодамна унгарскиот Закон за воредна состојба. Премиерот Виктор Орбан и неговата влада со големо задволство ја дочекаа пресудата со која сега им се „перчат“ на сите критичари. Унгарскиот парламент е исклучен и Орбан владее со диктаторски овластувања - сето ова се „лажни вести“ и невистини на „леволибералните бриселски политичари„ и на „мрежата на Сорос“, велат речиси секојдневно, со доза на восхит, унгарските владини политичари.

Сепак критиките за унгарскиот Закон за вонредна состојба не стивнуваат. И еврокомесарката за правда Вера Јоурова, која неодама му даде зелено светло сега има понијансирани и загрижени изјави. Затоа оваа среда и Европскиот парламент ќе дискутира за Законот.

Всушност загриженоста е основана. Таканаречениот Закон за заштита од корона кој беше изгласан на 30 март му дава на премиерот неограничена власт со декрет. Оттогаш Орбан широко ја користи оваа опција: досега има издадено вкупно 124 декрети (заклучно со 12 мај). Дополнително има десетици владини одлуки и наредби издадени од одделни министерства. 

Модифицирани огромен број закони

Со многу декрети строго се ограничува работата на судството, заштитата на податоци, слобода на информирање и други граѓански права.  Со законот се предвидува дека уредбите мора да служат за борба против коронавирусот. Но, во многу случаи ова не е видливо, а кај дел од уредбите не се спомениту ниту номинално. „Се чини дека владата ја користи ситуацијата за да модифицира огромен број закони, за што во нормална парламентарна процедура би и требало многу време,„ вели за ДВ Мате Шабо од Друштвото за права и слободи (ТАСЗ) една од најважните организации за заштита на граѓански права во земјата.

Повеќе:

-Концентричните кругови на Виктор Орбан

-Унгарија ја користи пандемијата за да го прошири влијанието во регионот

-„Дали со овластувањата Орбан поефикасно се справува со коронавирусот?“

Доколку аналитички го читате унгарскиот Службен весник и ги оцените декретите ќе го видите целосниот обем на Орбановите законски измени. Во судската област граѓанските и казнените постапки за време на вонредна состојба може да се одложат на неопределено време. Судовите исто така не мора да ги решаваат барањата од затворениците или притворениците. Во постапките повеќе не мора да се издаваат мерки за забрана во корист на обвинетите или засегнатите. Одредени постапки, како побарувања за отштета, исто така не смеат да се спроведат во време на вонредна состојба. Строго се ограничени пристапот до информации и заштитата на податоци: рокот за пристап до информации од јавен карактер е трикратно зголемен и сега може да трае и до 90 дена. Дел од регулативите од Европската уредба за заштита на податоци ГДПР се поништени. Министерот за иновации и технологија има пристап до сите лични податоци, а граѓаните се обврзани да помогнат.

Ungarn Premierminister Viktor Orban
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/T. Kovacs

Нетранспарентни економски мерки

Во голема мера се проширени и надлежностите на безбедносните сили. Така на пример полицијата смее во секое време и на било које место да изврши контроли на лица и објекти, а освен тоа и армијата има полициски овластувања. Од друга страна трудовото право е практично укинато – работодавачите и работниците можат да отстапат од сите одредби во договорите.

Во многу декрети се работи за нетранспарентни или деловни зделки поврзани со моментална состојба. Така на пример, унгарската држава откупи од школскиот пријател на Орбан Лоринц Месарош, еден од најбогатите Унгарци, енергетска компанија со електрана која работи со загуби по очигледно „напумпана“ цена. Законитоста на државните набавки треба да се провери само ретроспективно, нема временски рок. Исто така средствата од ЕУ може да се исплаќаат без проценка на ризик или проверка на терен. Дополнително околу 140 стратешки важни компании, меѓу кои и подружници на странски фирми, се ставени под армиски надзор, а Министерството за одбрана има пристап до сите деловни документи.

Парламентот исклучен

Одредени мерки се насочени против опозицијата, па така 50% од средствата за финансирање на партиите сега се одлеваат во анти-корона фонд. Партијата на Орбан, Фидеш, речиси и да нема последици од тоа бидејќи многу идеолошки кампањи се емитуваат како владини и се плаќаат од средствата на даночните обврзници.

Владата може да основа и посебни економски зони, на тој начин на еден помал град предводен од опозицијата му ги одзеде даночните приходи. Орбан нареди да се укинат и приходите од паркинзи кои особено за поголеми градови предводени од опозицијата се извор на приходи. Декретите формално имаат сила само за време на вонредната состојба. Правниот експерт Мате Шабо вели дека многу нешта ќе останеле или преку секундарни одлуки во склад со декретот, или зашто некои по природата на нештата не може да се повратат во претходната состојба како на пример економски и финансиски мерки. Но, најтешко според него е тоа што нема контрола на декретите од страна на Парламентот. Вообичаено Уставот за тоа предвидува рок од 15 дена во винредни или итни состојби, но со Законот за вонредна состојба тие рокови се сосем исклучени. „Парламентот формално заседава бидејќи дебатира за закони”, вели Мате Шабо. „Но, декретите не се контролираат. Затоа Парламентот реално е исклучен”.