Судири меѓу турската армија и курдските бунтовници
5 јули 2007Реклама
Турските сили за безбедност ликвидираа петмина курдски бунтовници, меѓу кои и две жени. Армијата соопшти дека престрелките се случиле во источниот дел на земјата. Турската армија дури побара од владата да дозволи воена операција против базите на ПКК во Северен Ирак од каде тие преминуваат на турска територија и вршат напади врз турските сили.