Собраниска расправа за интерпелацијата за Елмази
13 ноември 2007Реклама
Во македонскиот парламент денеска треба да продолжи расправата по интерпелацијата за заменик министерот за внатрешни работи Рефат Елмази. Интерпелацијата ја поднесе пратеничката група на Либерално демократската партија. Таа смета дека Елмази се однесувал скандалозно за време на немилите настани од 25 септември во парламентот, кога дојде до физички пресметки меѓу неколкумина пратеници.