Собрание-расправа за имунитетот на Бучковски
16 август 2007Реклама
Собранието на Македонија денеска расправа за одземањето на пратеничкиот имунитет на поренешниот премиер Владо Бучковски, врз основа на одлуката што ја донесе собраниската комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, со со која се одобрува изрекување мерка притвор.
Седницата се одржува на иницијатива на пратениците на СДСМ,кои ја оспоруваат одлуката на Комисијата.
Бучковски е обвинет за злоупотреба на службената положба причинување штета на државниот буџет од околу три милиони евра со набавка на резервни делови за тенковите добиени како донација од Бугарија.