1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Случај „Тениес“ во Германија: 650.000 луѓе назад во карантин

Кај-Александер Шолц
24 јуни 2020

Германија во борбата против Ковид-19 се потпира на компетентноста на локалните власти. Во Гитерсло и Варендорф, овој концепт е ставен на сериозен и голем тест. Може ли да се спречи втор бран?

https://p.dw.com/p/3eFKi
Deutschland | Coronavirus | Lockdown Gütersloh | Rheda-Wiedenbrück | Tönnies
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Kirchner

За првпат во борбата против пандемијата на Ковид-19, два цели окрузи во Германија се вратени во режим на карантин, каков што важеше на национално ниво, од март до мај. Станува збор за округот Гитерсло во покраината Северна Рајна Вестфалија (НРВ) со 370.000 жители, споредлив по површина со главниот град Берлин со некои предградија, и округот Варендорф со 280.000 луѓе.

Причина е масовната појава на инфицирани во кланицата на компанијата „Тениес“ во Реда-Виденбрик во областа Гитерсло.  Станува збор за најголемиот производител на месо во Европа. Според досегашните бројки, од 7.000 вработени во оваа фабрика, 1550 се позитивни на Ковид-19. Фабриката беше затворена, вработените беа испратени во двонеделен домашен карантин.

Како можеше да се појави овј кластер се истражува во моментов. Процесот на инфицирање мора да бил активен со недели, политичарот и здравствен експерт Карл Лаутербах.

Забрана за контакти, но не и за напуштање на окрузите

Музеите, базените и спортските клубови мора повторно да затворат. Контакти со луѓе надвор од сопственото домаќинство не смее да има. Училиштата и градинките остануваат затворени. Но, патувањето и и одењето на годишен одмор остануваат дозволени, рече премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, при објавувањето на мерките. Забрана за излегување од окрузите не е воведена. Сите заштитни мерки важат само за округот. Секој што ќе ги напушти е засегнат само од општите ограничувања во Германија.

Deutschland | Coronavirus | Lockdown Gütersloh | Ministerpräsident Laschet
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarini

Лашет предупреди да не стигматизираат граѓаните од овие области на други места во Германија. Имано претходниот ден имаше извештаи дека хотелите во земјата ќе ги откажат резервациите на гостите кои доаѓаат од округот Гитерсло. Покраините Баварија и Мекленбург Предна Померанија дури воведоа и забрана за сместување за туристи од Гитерсло.

Повеќе:

-Коронавирус: Мувлосаните домови на работниците во кланицата Тенис

-Ковид-19 во кланица во Германија: Две третини од тестираните-позитивни

-Повторно корона-кластер во кланица во Германија

Како една од најважните и најитни задачи Лашет ја истакна контролата на луѓето во домашнен карантин. Стотици дополнителни полицајци ќе бидат распоредени за оваа намена. Хуманитарните организации треба да обезбедат снабдување со храна. 100 мобилни здравствени тимови треба да возат низ окрузите, да ги посетуваат семејствата на работниците и да спроведуваат тестови. Придружувани од полицајци - и пред сè од преведувачи: бидејќи многу работници на кои сега треба да им се објаснат мерките, не зборуваат германски. 

Централното прашање: Дали епидемијата може да се управува локално?

Клучното прашање, според Лашет, гласи:  колку луѓе се инфицирани, а не се работници во „Тениес“. Во моментов има регистрирано  24 вакви случаи. Но неопходна е внимателност, бидејќи никој во моментот не може точно да каже колку е погодено останатото население во окрузите. Затоа, се воведува оваа  „состојба на мирување“, истакна Лашет дополнувајќи дека граѓаните на двата погодени окрузи сега можат да се тестираат доброволно. Покраинскиот премиерот најави дека тестови треба да бидат спроведени и кај сите вработени во месната индустрија во Северна Рајна Вестфалија.

За почеток, оваа „состојба на мирување“ треба да трае една недела, до 30 јуни. Бројките ќе покажат што ќе се случува натаму. Лашет не сакаше да одреди јасни гранични вредности  и истакна дека експертите ќе треба да го анализираат тоа. „Штом ќе имаме безбедност, карантинот треба да заврши“, порача Лашет.  Но, можно е исто така и негово продолжување. 

Стари проблеми

Случајот Гитерсло ја преокупира германската јавност веќе неколку дена. Станува имено збор и за условите за работа на работниците во кланиците. Како и обично, многу од нив не се постојано вработени, но имаат договори за работа со далеку помалку права. Преку посреднички фирми првенствено вработуваат работници од Полска, Романија и Бугарија. Веќе долго време има извештаи за лошите услови за работа таму.

Договорите за работа особено во месната индустрија одамна се цел на критики. И покрај неколку обиди, сојузната политика досега не успеа да ја реорганизира оваа област. Сега треба да има нов обид, како што може да се слушне од повеќе страни. Компанијата „Tениес“ вети дека ќе ги укине спорните договори за работа за таканаречените основни области до крајот на 2020 година.

Доаѓа ли втор бран?

Случајот Гитерсло исто така е нов тест за стратегијата на политиката за справување со вирусот. Германија досега споредбено се справи релативно добро со пандемијата, изјави оптимистички Лотар Вилер, претседател на институтот „Роберт Кох“, највисок здравствен орган во Германија. Мерките, како што се правилата за физичка дистанца и носење на заштитни маски покажаа делотворност, а населението добро ги почитуваше. Може да се спречи втор бран на инфекции, рече Вилер.

Deutschland | Coronavirus | Lockdown Gütersloh | Rheda-Wiedenbrück
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Inderlied

Надвор од сегашните жаришта како Гитерсло, стапката на нови инфекции останува ниска. Нема пријавено нови случаи во повеќе од една третина од сите германски окрузи веќе некое време. Локалните заводи за здравствена заштита  добро си ја вршеа работатат во пронаоѓањето на новите случаи, управување со нив и преземање заштитни мерки. „За мерки за карантин треба да се одлучува локално“, рече Вилер за случајот Гитерсло, бидејќи секое локално случување поврзано со вирусот мора да се процени во локалниот контекст.

Но, ќе остане ли Гитерсло локално случување? Или, вирусот ќе се прошири меѓу населението преку границите на округот ? Кај првото германско жариште на болеста во Хајнсберг, исто така област во Северна Рајна Вестфалија, бројот на случаи беше далеку под 1.000 - и сепак следуваше силно проширување.