Сите се согласни за денот на изборите
19 април 2006-Имавме кратки разговори,сите се сложија дека е 5 –ти јули соодветен ден,изјави Јордановски.
За првпат од одржувањето на десетината локални,парламентрани или претседателски избори во плуралистичка Македонија,гласањето ќе се одвива во делник и сред лето.Средата на 5 јули се очекува да биде неработен ден.Сите партиски лидери дадоа начелна согласност за овој датум.Сепак,опозицијата проценува дека на власта и одговара помал одзив поради опаднатиот рејтинг на СДСМ и малата ЛДП која има под еден насто доверба,а летото,годишните одмори,земјоделските работи и Мундијалот се можни причини за помал одзив.Првиот парламентарец кој по распишувањето на изборите заминува во САД како амбасадор,сепак не даде дециден одговор дали Собранието и натаму ќе заседава.Неизвесно е дали Парламентот воопшто ќе биде распуштен пред да ги усвои важните закони за судството како и новите правила во нормирањето на однесувањето и организацијата на полицијата,на штп особенно инсистира ЕУ.Политичка и собраниска неизвесност внесува и законот за социјална помош на стечајците со што не се согласува ММФ.Државно владиниот врв денеска ќе заседава и се бара од претседателот Црвенковски да не го потпишува законот.Ако тоа се случи,ВМРО Народна,иницијатор на законот за стечајци,ќе бара ново собраниско свикување и гласање за него,како можност и за легален избоерн маркетинг.