Силен и континуиран пораст на светската економија
14 април 2007Реклама
Седумте најразвиени земји на светот оценија дека светската економија се наоѓа во најсилна континуирана фаза на пораст за последните повеќе од 30 години. Претставници на министерствата за финансии и на емисионите банки на Г7 се состанаа во Вашингтон на консултации околу реформи на ММФ. Денеска во американскит главен град започнува пролетното заседание на ММФ и Светската банка.