Седум милијарди за борба против смртоносните болести
28 септември 2007Реклама
Глобалниот фонд за борба против сида, маларија и туберкулоза до 2010 година ќе изнесува 7 милијарди евра. Ова го договорија претставниците на 30 земји донатори на конференцијата во Берлин. Германија ќе учсетвува со 600 милиони евра. Ова е добар ден за светското здравство, изјави претседавачот со конференцијата, поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.