Светските берзи на курс на стабилизирање
10 август 2011Реклама
Светските берзи се стабилизираа и покажуваат први знаци на позитивен биланс, по одлуката на американската централна банка да ги задржи каматите на актуелното ниво и во следните две години. На Вол Стрит е забележан најдобриот биланс во последните две години, а вчера и европските берзи затворија со позитивен тренд. Утрово, берзите во Азија исто така бележат раст меѓу 1 и 3 проценти. Стабилизирана е и цената на нафтата која изминатите недели беше во постојан пад, но продолжи да расте вредноста на швајцарскиот франк во однос на еврото и доларот.
Aвтор: БГ/ТТ/афп, па
Редактор: Горан Чутаноски