САД ќе повлечат дел од трупите
16 август 2004Реклама
Според изјавата на Рамсфелд, со оваа мерка се погодени и американските трупи во Германија. Владата во Вашингтон за својата намера веќе разговарала со владата во Берлин и, според зборовите на министерот, било покажано разбирање, но не спомна конкретни борјки. Во Германија во моментов се стационирани околу 70 илјади американски војници и претставуваат важен економски фактор во вработувањето цивилни лица. Американскиот претседател Џорџ Буш денеска официјално ќе ги соопшти плановите за преструкурирае на воените сили. Според новински извештаи, во наредните две години треба да биде повлечен секој втор војник од Германија.