САД – Либи помилување
3 јули 2007Реклама
Поранешниот шеф на штабот на американскиот потпретседател Дик Чејни, Луис Либи, сепак не мора да оди на издржување на затворската казна. Претседателот Џорџ Буш со декрет ја укина казната, појаснувајќи дека казната што ја изрекол судот е претерана. Либи на почетокот на јуни беше осуден на 30 месеци затвор, бидејќи го открил идентитот на поранешната агентка на ЦИА Валери Плејм. Таа е сопруга на поранешниот американски амбасадор во Ирак, Џозеф Вилсон, кој се осмели да ја критикува Ирачката војна.