САД – Кина
5 ноември 2007Реклама
САД и Кина ќе отворат „црвен телефон„ меѓу двете министерства за одбрана. Ова беше објавено по средбата на министрите за одбрана на двете земји во Пекинг. Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс порача дека станува збор за мерка што е доказ за подобрувањето на билатералните односи. Гејтс минатата недела изрази загриженост поради интензивирањето на кинеските воени програми, за кои владата во Пекинг годинава ќе издвои цели 45 милијарди долари. Тоа е 17,8% повеќе од минатата година.