САД – имиграција – Буш
18 мај 2007Реклама
По долги дебати, САД се приближија на чекор до сеопфатна реформа на законите за имиграција. Републиканците и демократите во Сенатот се договорија за пакет мерки што предвидува засилена контрола на границите, но и олеснување за милионите илегални доселеници да добијат американско државјанство. Претседателот Џорџ Буш ја поздрави согласноста меѓу двете партии.