Рајс задоволна од посетата на Блискиот Исток
18 октомври 2007Реклама
На крајот од четири дневната посета на Блискиот Исток, американската државна секретарка Кондолиза Рајс изјави дека постои можност за позитивен развој како и дека е оптимист за планираната мировна конференција. Сепак таа предупреди од преголеми очекувања, бидејќи конференцијата која треба да се одржи следниот месец во САД треба да биде почеток, а не крај на мировниот процес. Палестинскиот претседател Абас изјави дека нема да учествува на конференцијата по секоја цена, додека израелската министерка за надворешни Ципи Ливни нагласи дека Израел е подготвен на компромиси, но се надева и на компромиси од палестинска страна. Западните медиуми пак коментираат дека меѓу двете страни во конфликтот се уште постојат големи разлики.