Расправија околу името не смее да биде причина за блокирањето на преговорите за членство
3 декември 2009Во документот на пратеничката група на СПД се инсистира - Европскиот совет, по урнек на оној од Солун во 2003 година, јасно во заклучоците да ја подвлече европската перспектива на земјите од Балканот. Социјалдемокртатот Дитмар Ниетан, на прашањето на Дојче веле околу тоа - што може да очекува Македонија, одговара:
„Комисијата даде јасен сигнал, препорача започнување на преговорите за членство и ќе се радувам доколку и Европскиот совет ја следи ваквата препорака и донесе заклучок за почеток на пристапните преговори. Ова, секако, би бил уште еден сигнал на охрабрување.“
Со оглед што спорот околу името е се‘ уште отворено прашање, а Грција најавува вето и покрај подготвеноста на македонскиот државен врв и натаму да разговара околу името, Ниетан со коментар:
„Расправија околу името не смее да биде причина за блокирањето на преговорите за членство.“
Во едно европско семејство со 27 членки, како Германија, Британија, Франција, Полска, Италија, смета тој, со грчките пријатели мора да се разговара:
„Сега е шанса со консензус, во еден разумен дијалог со колегите од Македонија, да се дојде до усогласување околу прашањето за името. Поради ова не смее да пропаднат европските перспективи“, подвлекува Дитман Ниетан.
Двете земји треба европски да размислуваат и делуваат
„Фракцијата на либералите се залага за европска перспектива на Балканот и важно е и за Македонија, да добие јасен проевропски сигнал. Европскиот совет во декемри треба да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори. Но, за тоа услов е решавање на спорот околу името меѓу Македонија и Грција. За нас е важно двете земји европски да размислуваат и да делуваат“, изјави за ДВ либералот Оливер Лушиќ, кој е ново лице во Бундестагот што се зафаќа со темите од регионот. Според него, и кај Словенија и Хрватска имаше слична ситуација, и двете земји мораа да направат отстапки. Членките на ЕУ мора европски и да размислуваат и интерес на двете земји, но и на Европа е да дојде до разврска и да се изнајде решение на деценискиот спор.
Автор: Силвера Падори - Кленке
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска