Расправа за доверба на владата
7 јуни 2007Реклама
Македонскиот парламент денеска треба да расправа за доверба на владата на премиерот Никола Груевски. Иницијативата ја покрена СДСМ кој смета дека владата нема моќ за излез од политичката криза и капацитет за спроведување на економските реформи. Пратениците можат да расправаат најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за доверба на владата. Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДПА Мендух Тачи на вчерашните разговори се согласија дека остануваат во владината коалиција.