Претседателски избори во Палестина
9 јануари 2005Најсилен конкурент на Махмуд Абас е борецот за човекови права, Мистафа Баргути. Тој настапува како независен кандидат, и објаснува зошто не треба да се избере Абас:
”Поради две главни причини: првата е што господин Абаз го претставува стариот систем, кому му е потребна голема демократска реформа. Мислам дека тој е толку заглавен во стариот систем, толкуи е негов дел, што не може да го реформира. Мисламд ека ние, младата генерација лидери тоа го можеме. Луѓето сакаат промени, сакаат реформи. Сакаат крај на непотизмот, фаворитизмот, еднопартиското владеење. Сакаме независен судски систем, слобода на говор, и сакаме регуларни избори. Втората причина е што мислам дека јасм сум посилен лидер."
Палестинците, вели Баргути, на светот му покажаа дека не соодтвествуваат на клишето што светот го има за нив – дека се или за Фатах или се фундаменталисти.
”Тоа што го направивме е чудесно. Ние веќе создадовме силен демократски глас во Палестина. На светот му покажавме дека Палестинците не се само дел од стереотипите, тие не се само дел на Фатах или фундаменталистите. Во Палестина има силен демократски глас кој го претставува молчеливото мнозинство, кое веќе не е молчаливо.”
Милитантната организација Хамас, исто како и Исламски Џихад, повикаа на бојкот на изборите. Колку и да се чини сигурна победата на Махмуд Абас, слабиот одзив на изборите би можел да ја ослаби неговата позиција како иден претседател. 69 годишниот Абас се залага за брзо обновување на мировните преговори со Израел.
Израел има намера по претседателските избори во автономните палестински територии да понуди натамошно ослободување палестински затвореници, доколку палестинските власти преземат решителни чекори против ракетните напади на милитантните групации врз израелски цели.