1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преку образованието до повеќе сознанија за евреите

27 јануари 2011

Македонија има мала но значајна Еврејска заедница. Меѓутоа, евреите не се доволно застапени во образовниот процес. Меѓународна група бара поинаков пристап.

https://p.dw.com/p/105nP
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Евреите не се само најголеми страдалници во Втората Светска Војна, тие се народ со многу богата историја, која во Македонија не се познава доволно. Ова е впечатокот на луѓето од малубројната но значајна Еврејска заедница во Македонија. Сметаат дека образовниот систем треба да им овозможи подобар третман на евреите и очекуваат надлежните да излезат во пресрет на иницијативата што во Скопје ја донесе Симон Визентал Центарот од Њујорк, меѓународна оперативна група за соработка, образование и истражување на холокаустот.

Deportation der Juden aus dem Warschauer Ghetto
За време на Втората Светска Војна евреите беа депортирани од сите краишта на ЕвропаФотографија: AP

Марк Вајстман од делегацијата која имаше низа средба со одговорните во Скопје за Дојче веле изјави: „Се надеваме дека евреите нема да бидат третирани само како жртви, туку ќе се изучува како живееле, ќе се истражува нивната историја, придонесите во општеството. Се недаваме дека образованието ќе покаже како живееле, колку придонесувале во нивната средина исто колку што ќе се занимава со нивното страдање и поуките што треба да ги извлечеме од нивните животи“, изјави Вајтсман.

Според него земјите во кои живееле евреи имаат различен модел на образование во делот на холокаустот, но сите посветуваат значајно место на овој дел од историјата.

Луѓето во Македонија малку знаат за евреите, вели Оливера Јованова од Еврејската заедница.

Во чест на жртвите на холокаустот од Македонија е посветен 11 март. На одбележувањето оваа година треба да биде пуштен во употреба меморијалниот центар, што се гради во старото еврејско маало во центарот на Скопје. Пратеникот Павле Трајанов вели дека Македонија е многу посветена на еврите и нивната историја.

Денес во Македонија живеат околу 250 евреи. Десетина од повозрасните членови на оваа заедница се живи сведоци на страдањата од Втората Светска Војна.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска