Прва титула за Борусија во новата сезона
21 јули 2011Актуелниот германски првак, Борусија Дортмунд и во новата сезона влезе во шампионска форма. Во финалето на Лига-купот во Мајнц совладан беше Хамбургер со 2:0. Во новоизградената арена во Мајнц, пред 32 илјади гледачи, Сантана и Мохамед Зидан за само две минути ја запечатија судбината на Хамбургер.
Притоа Борусија играше ослабена, без повеќе стандардни првотимци. Невен Суботиќ и Марио Геце беа повредени, а на трибините остана и репрезентативецот Гроскројц.
Овие два тима, инаку, ќе се состанат и во првото коло на новото првенство во Бундеслигата кое започнува на 5 август.
Следниот тест за Борусија е финалето на супер-купот против Шалке, в сабота. Дуелот меѓу актуелниот првак и освојувачот на купот ќе се игра во Гелзенкирхен.
Најголемиот фаворит во Бундеслигата годинава, Бајерн Минхен со мака спречи и втор пораз за само два дена во супер-купот. Во дуелот за третото место баварците го совладаа Мајнц на пенали. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено, 2:2, а стрелец на првиот гол беше и македонскиот репрезентативец Николче Новески. Сепак, Новески подоцна го промаши клучниот пенал во петтата серија кој можеше да му донесе победа на Мајнц.
Автор: БГ/АС
Редактор: Александра Трајковска