Правен удар за бушовата анти-терористичка политика
18 август 2006ие:
Постоењето на спорната програма пролетоска ја открија американските медиуми. Таа и дозволуваше на тајната служба НСА, да ги прислушува телефонските разговори меѓу САД и странство без судски налог, ако една до двете страни е под сомнеж дека има врски со некоја терористичка организација. Против тоа жалба вложија некои граѓански организации и новинари кои сега добија сатисфакција од општинскиот суд во Детроит во сојузната држава Мичиген. Пресудата на судиите гласи: програмата меѓу другото го прекршува правото на слобода на говорот и заштитата на приватната сфера. Министерсвото за првада веднаш вложи жалба. Министерот Алберто Гонзалес:
„Од раководството на тајните служби знаеме дека оваа програма е многу ефикасна во нашите напори да ја штитиме земјата од непријателите. Ние сме убедени дека таа програма не е во расчекор со нашите закони„.
Всушност, пресудата нема задолжително дејство се до решението на следниот повисок суд. Сепак, таа за претседателот Џорџ Буш е тежок политички удар. Буш уште во понеделникот офанзивно ја бранеше програмата за прислушување:
„Секогаш кога ќе добиеме сигнал дека во САД постои терористичка келија, ние сме активни. Посматраме и слушаме. Многу е важно институциите да спречуваат терористички напади за кои ги имаат и потребните средства во рамките на уставот„.
Пресудата на судиите дека програмата не е во рамките на уставот, ја поздравија претставниците на опозицијата. Портпаролот на демократите во американскиот сенат Хари Рид изјави дека повредите на уставот му нанесуваат штети на американскиот народ.