По сирискиот премиер и други функционери планираат бегство
6 август 2012Тој го обвини својот поранешен господар за спроведување геноцид против својот сопствен народ и нагласи оти пропаѓаат четирите децении од владеењето на фамилијата Асад.
„Го објавувам моето пребегување денеска од режимот на убиства и терор и се приклучувам во редовите на револтот“, порача Хаџаб во изјава прочитана од неговиот портпарол Мохамед ал-Отри.
„Сирија минува низ најтешки воени злосторства, геноцид и варварски убивања и масакри против невооружени цивили“, стои во писмената изјава.
Портпаролот рече дека на пребегувањето на премиерот се работело подолго време, а бунтовниците во земјата помогнале да се осигура таквата операција. Портпаролот дообјасни дека со овој чин сирискиот премиер сакал да му покаже на светот дека многумина во земјата се принудени да бидат со режимот. „Мечот беше на нашите вратови“, рече портпаролот на пребеганиот сириски премиер, додавајќи дека доколку Хиџаб не ја прифател премиерската функција, ќе се доведел во смртна опасност.
Сириската опозиција во Јордан информираше дека премиерот во текот на ноќта заедно со двајца министри и тројца воени офицери се провлекол на границата. Опозицијата јавува и дека дополнителен број на сириски офицери пребегале минатата ноќ на јорданска територија. Се информира дека 15 други сириски дипломати и политичари веќе планираат да пребегаат од земјата.
Според медиумите, тајната операција за префрлување на премиерот, неговото семејство и неговото опкружување во странство била извршена од припадници на специјалниот оддел на бунтовничката Слободна сириска армија. Хиџаб е еден од највисоките службеници, кои бегаат од политичкиот и воен круг на претседателот Башар ал-Асад.
Сирискиот претседател го назначи 46-годишниот Хиџаб, поранешен министер за земјоделство, за премиер во јуни, по парламентарните избори во мај. Властите објавија дека изборите се чекор кон политички реформи, но противниците на режимот ги отфрлија. На премиерското место е назначен Омар Галауанџи, кој беше вицепремиер. Тој ќе ја предводи преодната влада, соопшти сириската телевизија.