Почна седницата за уставните измени
24 ноември 2005Двете партии нема да гласаат за нив, ако не се усвојат клучните забелешки на опозицијата - претседателот на Врховниот суд да не биде и шеф на Републичкиот судски совет, кој ќе ги селектира и судиите, да не се применува Бадентеровото правило, односно вето од Албанците при изборот на делителите на правдата, јавниот обвинител да го избира парламентот, по предлог на обвинителскиот совет, а не на владата. И покрај обидот преку лично присуство, премиерот Бучковски претпладне не ги разубеди шефовите на пратеничките групи на ДПМНЕ и Народна. “Љубчовистите„ дури и го бојкотираа ова заседание. Парламентарната седница почна со образложение за петтото уставно новелирање, со 12-те амандмани. Министерката Мери Младеновска Ѓоргиевска тоа го предочи како една обврска кон интегрирањето со ЕУ :
“Владата на РМ ја презеде политичката одговорност и обврските на почнување на започнатите реформи, кој се постигнува по успешно функционирање на правосудните органи, во духот на европското законодавство. Хармонизацијата на нашите закони во изминатиов период наидува на особена поддршка кај претставниците на државите членки на ЕУ„
ВМРО ДПМНЕ го повтори ставот: нема да се согласи со уставна реформа, и голема смена во судството што ќе му овозможи на СДСМ да ги контролира “своите делители на правда, дури и ако ги загуби изборите“.
Во парламентот не е пратеничката група на ДПА, иако тоа го побара еврокоемсарот Оли Рен, а јавно ги повика и премиерот Бучковски. И, додека парламентарците се на пауза, вистинска медиумска ѕвезда е ветеранот Стојан Андов. Денеска еобјавено дека лидерот на ЛП и политички доајен, еден од спикерите на парламентот, напишал и објавил љубовен роман “Стравот и љубовта“.