Последни натпревари од квалификациите за СП-фудбал 2006
12 октомври 2005Во фокусот на вниманието се средбите кои директно решаваат за пласманот: Франција - Кипар и Ирска – Швајцарија од четвртата група, Сан Марино – Шпанија и дуелот на Србија и Црна Гора со Босна и Херцеговина од 7-та, како и натпреварите Шведска – Исланд и Унгарија – Хрватска од 8-та група.
Македонија квалификациите ги завршува со настапот против најдобриот во првата група Холандија во Амстердам. „Желбата за добар резултат е потенцирана кај сите фудбалери. Добив впечаток дека сите посакуваат да се повтори резултатот од скопје, а и нешто повеќе“ -вели претседателот на македонската фудбалска федерација Харалампие Хаџиристески.
Германската репрезентација во Хамбург ја пречекува селекцијата на Кина. Се најавува поправање на впечатокот од поразот против Турција и повторно освојување на срцата на љубителите на фудбалот. „Ние во принцип имаме само еден лајтмотив: оптимирање на способностите, подобрување на нашите можности“ – вели селекторот Клинсман.
Зоран Јордановски