Попоски: Кризата во Грција не смее да биде пречка за евро-атлантските интеграции
28 декември 2011Економските предизвици на Грција во никој случај не смеат да бидат причина за избегнување на реализацијата на стратешката цел на регионот – интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО, порача македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Тој дополни и дека Македонија не дава аргументи за неконструктивност во преговорите за името и побара да се избегне концептот на негирање на таквиот став на македонските власти. Попоски денеска и утре ќе претседава со Амбасадорскиот совет, на кој македонските дипломати ќе добијат насоки за интензивирано политичко и економско делување во следната година.
Попоски денеска потенцираше дека исклучителна можност е отворена со добивањето на третиот последователен позитивен извештај на Европската комисија за напредокот на земјата и со пресудата од Хаг.
Автор:АМ/СН/миа/макфакс
Редактор: Борис Георгиевски