1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивна препорака за ново разочарување

БГ/макфакс16 октомври 2013

Македонија е во исчекување на позитивен извештај од ЕК за напредокот во 2013, но и покрај тоа нема да добие датум за почеток на преговори поради спорот за името. Се множат и критиките за слободата на печатот.

https://p.dw.com/p/1A0UY
Фотографија: picture-alliance/dpa

Македонија повторно ќе добие позитивна препорака за почеток на преговорите со Европската унија (ЕУ), но како и изминатите години, последниот збор сепак ќе го има Советот на ЕУ, кој ќе одлучи за доделувањето на датумот и официјалниот почеток на преговорите. Се очекува дека Европската комисија (ЕК), во својот извештај за напредокот на Македонија во евроинтеграциите за 2013. година, ќе и‘ додели петта позитивна препорака, но повторно со напомена дека решението на прашањето за името е неминовно и дека ова е главиот кочничар за понатамошниот прогрес во евроинтеграцијата.

Брисел ќе се осврне и на политичката криза која ја погоди земјата по настаните од 24. декември, но исто така и на решението, кое дојде преку имплементацијата на договорот од 1. март, што донесе одблокирање на политичкиот дијалог и враќање на опозицијата во Парламентот.

Генерално, според ЕК, Македонија ги исполнува политичките критериуми, а што се однесува на локалните избори во април годинава, тие од ОБСЕ биле оценети како професионални и ефикасно спроведени. Комисијата нотирала и прогрес во областите на судството и борбата против корупцијата. Негативните забелешки во извештајот се однесуваат на слободата на медиумите, бидејќи како што велат од Комисијата, состојбата со медиумите ја влошува репутацијата на земјата.