1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожари и натаму беснеат на Балканот

30 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BNZw

Состојбата со пожарите во регионот на Југоисточна Европа и натаму е алармантна . Во Бугарија е прогласена вонредна состојба во најтешко погодените региони на југот на земјата. Бугарија побара помош во справувањето со огнената стихија од ЕУ и од НАТО. Поради високите температури и сувото време нови пожари беснеат и во Грција и Србија. Според грчките власти досега во земјата изгореле 60 илјади хектари шума. Во Македонија Центарот за управување со кризи соопшти дека во земјата сеуште се активни неколку пожари.