Пожари зафатија делови од Франција и Шпанија
5 јули 2007Реклама
Над 6000 луѓе се евакуирани од францускиот азурен брег и шпанскте летувалишта во областа Тарагона поради пожари. Во огнената стихија во Франција се повредени 6 лица, а е се уништени 2000 хектари вегетација. Во Шпанија само за еден ден изгореа 600 хектари вегетација, поради мерки на претпазливост затворен е автопатот кој го поврзува југот на земјата со Франција.